Ќе се менува Изборниот законик за да се гласа со пасош кој нема „северна“
Од
Објавено на
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека тие кои немаат лична карта, а имаат важечки пасош со старото уставно име – се бара начин за да можат да гласаат на изборите. Станува збор за 100.000 граѓани, за кои тој вели, дека мора да се најде начин да избираат.
„Поддржувам и веќе се разговара. Работните групи кои работат на Изборниот законик, се работи за одредба на Изборниот законик за да може секој граѓанин да го искористи своето гласачко право“, рече Ковачевски.
Законот засега не е во собраниска процедура.