Македонија

(Видео) Пасошите го изнервираа Џафери – новинарка му најде замерка, тој почна и да вика

Техничкиот премиер Талат Џафери посочува дека од 1 февруари до 29 февруари, МВР добило вкупно 123.000 барања за пасоши, од кои, според него, изготвени се 95.267 исправи. Според него, ова е показател на динамиката на работа. Џафери кажа дека се примени 82.235 барања, а издадени се 71.410 лични карти. За возачки дозволи кажа дека 46.210 барања се примени, а изготвени се 39.552. Тој ја префрли одговорноста кај граѓаните.

„Со оваа динамика, стоте илјади што се врти како информација, дека се луѓе кои немаат документ, во текот на март можат сите да се опремат со соодветни документи. Но иницијалното е од граѓаните да има барање“, рече Џафери.

Имаше забелешка од новинарка дека во нејзиното семејство четири лица немаат земено пасоши, а аплицирале. На ова, Џафери врати: „Абе и јас имам доба пет членови кои не аплицирале, па што сега?“.

На укажувањето дека постои сомневање дали навистина се изготвени пасоши од барања поднесени во текот на февруари, или се изготвени пасоши од барања од претходни месеци, Џафери рече: „Известувањето до мене е така“.

На почеток