Спорт

(Видео) Навивачите направија фашистички скандал, видео од позната пивница ја згрози Европа

Навивачите на италијански Лацио направија сцена во Минхен, поради што пишуваа германските медиуми.

Најжестоките поддржувачи на римскиот клуб се познати како десничари, но во вторникот вечерта отидоа во пивницата Хофбраухаус каде пееја фашистички песни.

Италијанскиот печат објави видео на кое се гледа како тие трипати скандираат „Дуце“ на крајот од песната, пеејќи за Бенито Мусолини.

Мусолини беше фашистички водач на Италија за време на Втората светска војна и дел од силите на Оската заедно со Германија и Јапонија.

Хофбраухаус е местото каде што Адолф Хитлер ја основал својата Национал-социјалистичка работничка партија на Германија во 1920 година и почнал да го шири злото на нацизмот, кое 19 години подоцна ќе го вовлече целиот свет во војна.

Навивачите на Лацио, меѓу другото, пееја и за црните дресови како симбол на фашизмот во Италија, додека градската управа на Рим ја осуди оваа постапка.

Дел од тој гест е и римскиот поздрав со десната рака како нацист, кој Алесандро Онорато, комесарот на градската управа во Рим, го означи како „срам за Лацио“.

Во пабот имаше околу стотина бунтовници, а тие пееја фашистички песни непосредно пред натпреварот помеѓу Лацио и Баерн Минхен. Баерн го доби тој натпревар со 3:0.

На почеток