Спорт

(Видео) Морбидни сцени од Тетово: Ковчег на трибините, се погребуваше Вардар, а судиите молчеа

Морбидни сцени имаше на натпреварот Шкендија-Вардар. Навивачите на Шкендија, на среде стадион во Тетово, донесоа и ковчег, а илустрираа и гроб на кој пишува „пекол“. Потоа, ковчегот со кој го симболизираа Варадар и имаше лого од клубот исцртан на него, го ставија во илустрираната дупка.

Скандалозното однесување остана невидено од судиите и делегатот. Срамниот потег, засега не е осуден од никого, ниту пак има одговорност.

Вардар претходно преку соопштение обвини дека навивачите фрлале тврди предмети кон гостинските фудбалери, а притоа обвини и за националистички испади на домаќините.

На почеток