Скопје

(Видео) Сообраќајка кај Зоолошка: Автомобили се судрија, едниот заврши залепен во бандера на пешачки остров

Сообраќајна несреќа се случи утрово близу Зоолошката градина, на булеварот „Илиндеска“. Според првичните информации, се судриле два автомобили, по што, едниот од нив удри во бандера поставена на печаки остров.

Засега нема информации за повредени лица, а на терен има полиција која ја обезбедува местото. Може само да се забележи дека автомобилите се уништени во предниот дел, поради силината на ударот.

Детали се очекуваат од МВР.

To Top