(Фото) Арсовска тврдеше дека открила екоцид, ама нека и ја покаже некој еколошка бомба се прави од несобраниот отпад во Ѓорче
Градоначалничката Данела Арсовска со прст не мрда по низата реакции од граѓаните дека контејнерите во Ѓорче Петров остануваат затрупани во смет. Граѓаните кога немаат каде да исфрлат отпад, тоа го прават покрај нив.
Комунална хигиена, јавно претпријатие со кое раководи кадар на Арсовска, го остава таму каде што е оставено. Жителите потсетуваат дека таа се изнасликала со депонија и посочувала дека открила екоцид, па ја прашуваат: „Ова што е? Еколошка бомба? Среде населени места?“.
И ваква е сликата постојано. Најстрашното, според жителите, е што доаѓа лето. Ќе се фрла сѐ повеќе храна која се умирисува, а со тоа ќе се шири лоша миризба. Велат дека плаќаат постојано комунални трошоци, а добиваат игнорирање од градот во кој живеат.
Без разлика на реакциите, Комунална хигиена крева раце поради хаосот во Ѓорче Петров со отпадот. Истовремено, за да не остане и да скапува отпадот, го собираат општинските служби.