(Видео) Стојкоски со снимка: Ова пултов ви се распаѓа, како и вашите обиди Ѓорче да го направите пустелија
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на неколку часа пред најавениот протест во Ѓорче Петров против донесениот ДУП, за кој СДСМ рекоа дека носи бетонизација, објави видео на кое се гледа советник како носи пулт и го внесува во партиското седиште. Протестот беше најавен како граѓански, но сепак, според Стојкоски, зад него стои СДСМ.
„На лагата и се кратки нозете. Обично, лично не реагирам на неосновани напади кои имаат една цел – ефтини политички поени, но овојпат мора да искоментирам. Ова е она кога имаш проблем со идентитетот Или пократко кажано: дал сум советник, дал сум граѓански активист. Непартиски. Ама едно е сигурно: ако има уште некој на кој не му е јасно, еве кој е против тоа Ѓорче да биде модерно и урбано. И уште посигурно, срамно е да глумите „граѓански активисти“ кои повикуваат на протест, а “граѓаните” всушност се партиски активисти на СДСМ. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Ама сигурно е трагикомично. ПС: Ова пултов малку ви се распаѓа, како и вашите обиди Ѓорче да го направите пустелија“, напиша Стојкоски.