Македонија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Исламска Република Пакистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Модaсар Чаудри, новоименуваниот амбасадор на Исламска Република Пакистан во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма рече дека како одговорна членка на меѓународната заедница, Република Северна Македонија придава значење на односите со сите држави, за доброто на народите, обезбедување и зацврстување на мирот во светот, како и за одржлив развој и економски просперитет. Во тој контекст, претседателот Пендаровски ги нагласи интересот и подготвеноста на Република Северна Македонија за натамошно унапредување и развој на односите и соработката со Исламска Република Пакистан во сите домени од заеднички интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Амбасадорот Модaсар Чаудри во своето обраќање рече дека му претставува чест што е назначен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Исламска Република Пакистан за Република Северна Македонија и изрази очекување дека пријателството што постои меѓу двете земји ќе продолжи и натаму да се развива и ќе достигне нови височини.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Модaсар Чаудри му посака успех во извршувањето на одговорната мисија.

На почеток