Македонија

Официјална Софија реагира на изјавата на Пендаровски дека тамошното македонско малцинство 70-80 години трпело тортури и голготи

Се реализира заложбата на Пендаровски за исклучување на аболицијата од правниот систем, велат од неговиот кабинет

Бугарското МНР ја повика на разговор македонската амбасадорка во Софија. Агнеса Руси, како реакција на изјавите на претседателот Стево Пендаровски упатени кон Бугарија. Во реакцијата објавена на сајтот на бугарското МНР тие категорично се спротивставуваат на обидот за повторно вовлекување на Бугарија и билатерални односи во внатрешно-политичка дебата во Македонија.

,,Бугарија постојано поддржува конструктивен тон и се воздржува од коментари на постојаните провокации во Северна Македонија. Тоа го прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес и средина за да може да се реализираат неопходните реформи. За жал, очигледно е дека овие напори на Бугарија не наидуваат на разбирање и не се ценат од одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како оправдување за недостигот од напредок пред своите граѓани“, стои во соопштението.

Бугарското МНР ја повикува политичката елита во Северна Македонија да ја покаже политичката зрелост.

Ова доаѓа  неколку денови откако македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју кажа дека македонското малцинство во Бугарија во последните 70-80 години е малтретирано, трпело тортури и голгота.

,, Зошто утре, ајде денес да ги впишеме Македонците во бугарскиот Устав, нашето малцинство кое е малтретирано со децении, најмалку 70-80 години, поминало низ страшни маки и голгота, но кажете ми каков е тој магичен начин? Како ќе ги внесете во Уставот? Преку Владата? Во бугарската Влада денес клучен фактор е Бојко Борисов кој го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година. И сега овој човек треба да каже дека овој договор не постои, ајде да направиме нов подобар за Македонците? Не верувам во тоа. И морав на ВМРО-ДПМНЕ на таков пародичен начин да им кажам дека не лажат, гледајќи не во очи. За да ги вклучиме Македонците во бугарскиот устав мора да се смени целосно затоа што во него нема малцинства. Не мислам дека светските сили можат да го сменат бугарскиот Устав како што мисли опозициската партија, која смета дека е фактор број еден во светот”, рече Пендаровски во интервјуто.

На почеток