(Видео) Слаб одзив на протестот во Ѓорче „против бетонизација“ и веќе чуени пораки
Слаб одзив и чуени пораки на протестот кој беше насловен како „против бетонизација“ во Ѓорче Петров. Собирот требаше да биде на кружниот тек кај црквата, но се одржа во црковниот двор. Меѓу присутните и политички активисти кои во локалната самоуправа се опозиција, кои сметаат дека ДУП-от треба да се укине, но таквиот обид им пропадна. Обвинуваат дека ќе се градат многу згради и ќе се доселат нови жители. На собирот имаше стотина присутни, од над 30 илјади жители кои живеат на територија на општината. Истите пораки од протестот, ги кажуваа и советниците на СДСМ за време на седниците во Општина Ѓорче Петров.
„Градоначалникот Стојкоски го бетонизира Ѓорче. Донесе ДУП со кој ќе се изградат повеќе од 30 згради на 20 ката и 4.000 нови станови во кои ќе се доселат 12.000 жители“, посочија организаторите кои се претставуваат како граѓански активсти.
Градоначалникот Стојкоски веќе посочи дека протестот не е граѓански туку партиски. Објави и снимка од советник на СДСМ како го носи пултот „Не за бетонизација на Ѓорче“, кој го содржи истото лого, како и истиот слоган.
„На лагата и се кратки нозете. Обично, лично не реагирам на неосновани напади кои имаат една цел – ефтини политички поени, но овојпат мора да искоментирам. Ова е она кога имаш проблем со идентитетот. Или пократко кажано: дал сум советник, дал сум граѓански активист. Непартиски. Ама едно е сигурно: ако има уште некој на кој не му е јасно, еве кој е против тоа Ѓорче да биде модерно и урбано. И уште посигурно, срамно е да глумите „граѓански активисти“ кои повикуваат на протест, а “граѓаните” всушност се партиски активисти на СДСМ.
Да не беше смешно, ќе беше трагично. Ама сигурно е трагикомично. ПС: Ова пултов малку ви се распаѓа, како и вашите обиди Ѓорче да го направите пустелија“, напиша Стојкоски.