Нецелосно и невакцинирани деца со дитепер од понеделник не смеат во градинка
Од понеделник на градинките им е забрането да ги примаат децата кои не се се вакцинирани или се нецелосно вакцинирани со ДиТеПер вакцината, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Тие денеска ја добиле одлуката од министерот за здравство Илир Демири врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да се извршат вонредни инспекциски надзори и да се забран8и згривање во градинка за невакцинирани деца. Инспекторите ќе ги задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца, ќе им советуваат да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје. Надлежните апелираар да се вакцинираат децата.