Свет

Нуклеарни напади врз три членки на НАТО предлага пропагаторот на Путин

Пропагаторот на Кремљ Владимир Соловјов предложи нуклеарен напад врз три членки на НАТО алијансата – Франција, Германија и САД.

Водителот на државната телевизија и еден од главните пропагандисти на Путин ја претстави оваа идеја во својата емисија (Вечер со Владимир Соловиев), а клипот го сподели новинарката Џулија Дејвис од Дејли Бист на социјалната мрежа Икс. Дејвис наведува дека гостите во емисијата посочиле кои западни градови треба да бидат првите мети на нуклеарни напади. „Париз, Марсеј, Лион, Хамбург, Минхен или Гармиш-Партенкирхен и САД воопшто“, велат тие.

Овој пат Соловјов ја критикуваше Франција и нејзината помош за Киев, наведувајќи дека целта на Франција е „уништување на Русија“. Гостинот на емисијата Андреј Сидоров, заменик-декан на Московскиот државен универзитет, му рече на Соловјов дека прашањето не е дали Русија треба да користи нуклеарно оружје, туку против кого. Често зборуваат за Франција или Велика Британија“, рече Сидоров.

Сидоров рече дека има уште една земја која претставува значителна опасност. „Мислам на САД. За разлика од другите земји што ги споменавте, САД може да претставуваат егзистенцијална закана за Русија“, рече тој.

„Едноставно не можам да се одлучам: Париз или Марсеј? Што да уништиме во Германија за нивниот Бик? Можеби Минхен? Можеби треба да имаме јавно гласање, да видиме кои градови се подготвени да ги поштедат“, му одговори Соловјов.

На почеток