Македонија

(Фото) Случајно се сретнаа Силјановска и Пендаровски

Додека партиите кои ги предлагаат „војуваат“ и обвинуваат, двајцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски со почит се однесуваат еден кон друг.

Тие денеска се сретнаа на Комеморативната вечер во спомен на македонските Евреи кои на 11 март 1943 година биле депортирани во Треблинка. Се ракуваа и заедно присуствуваа на настанот на кој Пендаровски имаше обраќање. Силјановска беше во придружба на пратеничката Рашела Мизрахи. Фотографијата ја сподели Пендаровски.

И ова не е првпат Силјановска-Давкова и Пендаровски да се однесуваат со почит еден кон друг, без разлика на секојдневните соопштенија од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои упатуваат обвинувања за двајцата кандидати. На годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски, кога му се оддаваше почит, двајцата кандидати исто така се сретнаа и ракуваа.

На почеток