Македонија

Дискриминирани се граѓаните кои ќе наполнат 18 години меѓу два изборни круга и тие кои се на лекување, оти не можат да гласаат, алармираат од Комисијата

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бара граѓаните кои ќе наполнат 18 години меѓу два изборни гкруга на претседателските избори, да можат да гласаат. Тие одново повторија дека уште на 9 август 2021 година, утврдиле директна дискриминација од страна на ДИК и индикрена која произлегува од одредбите на Изборниот законик.

„Овие лица заради одредбите од изборниот законик не можеле да бидат запишани во избирачкиот список меѓу двата изборни круга, а со тоа биле спречени да го остварат уставно загарантираното право на глас. Воедно, Комисијата на 13 септември 2021 година утврди директна повеќекратна дискриминација по основ на личен став, здравствена состојба, возраст во областа на остварувањето на избирачкото право на граѓаните кои за време на изборите се сместени во здравствени установи“ посочија од Комисијата.

Тие посочуваат дека иако во тековниов период Изборниот законик беше изменет за исполнување на препораките на Комисијата, до денеска, не се информирани дека се направени и препорачаните измени.

На почеток