Свет

Хезболах со масовен напад врз Израел: „Истрелавме повеќе од 100 ракети“

Палестинците тврдат дека израелската армија фрла забранети фосфорни бомби, палела домови и го држи центарот за итни случаи под опсада

Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека истрелала повеќе од сто ракети врз неколку израелски воени позиции како одговор на израелскиот напад врз регионот Бека минатата ноќ.

Најмалку еден цивил загина, а неколку се ранети во четири израелски напади врз градот Баалбек, изјави регионалниот гувернер Башир Кадер.

Хезболах поддржан од Иран и израелската војска разменуваат оган долж јужната граница на Либан од октомври, кога Хезболах почна да истрелува ракети кон Израел како поддршка на палестинскиот сојузник Хамас, кој е во војна со Израел во Појасот Газа.

Израелските напади беа главно ограничени на пограничната област, но се проширија на север во последните недели, велат либански извори.

На почеток