Свет

Нападнат бил близок соработник на Навални

Леонид Волков, член на руската опозиција близок до Алексеј Навални, денеска бил нападнат во близина на неговиот дом во Литванија.

Волков бил нападнат со чекан во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави за Ројтерс Кира Јармус, поранешна портпаролка на Навални.

„Леонид Волков штотуку беше нападнат пред неговата куќа. Некој го скршил прозорецот од автомобилот и му испрскал солзавец во очите, по што напаѓачот почнал да го удира Леонид со чекан“, објави Џармус во објавата на социјалните мрежи.

Леонид сега е дома, полицијата и брзата помош се на пат кон него“, додаде таа.

Алексеј Навални (47) почина на 16 февруари во казнена колонија северно од Арктичкиот круг.

Според властите, најтврдиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин се онесвестил за време на обиколката на затворскиот двор, а обидите за реанимација биле неуспешни.

Неговата сопруга и поддржувачите на опозицискиот политичар ги обвинуваат руските власти за убиството.

На почеток