„Само мали деца се лажат со вакви ветувања“, платата од 1000 евра на Ковачевски искритикувана од Најчевска
Професорката Мирјана Најчевска, не му верува на експремиерот Димитар Ковачевски дека ако победи на избори во Македонија ќе има просечна плата од 1000 евра. Според неа, постојат и други проблеми кои треба да бидат фокус на изборите, а тоа, првично, се привилегиите кои ги уживаат државниците.
„Само мали деца се лажат на вакви ветувања. Полнолетните луѓе со деловна способност размислуваат со своја глава и рационално ги одмеруваат опциите од кои избираат. Јас на пример би можела да ветам е дека би се борела за воведување правила, процедури и критериуми кои ќе важат за сите еднакво. За намалување на функционерските привилегии, а зголемување на нивната одговорност. За граѓанска држава во чиј центар е граѓанинот и неговите потреби“, вели Најчевска.
Иако изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај започнува на 18 април, политичките партии веќе започнаа со објавување на нивните ветувања доколку победат на изборите и успеат да формираат влада. Фокусот на СДСМ, е економскиот дел.