Проверете дали ве има во Избирачкиот список, увидот истекува на 18 Март
Интензивно течат подготовките за претседателските и за парламентарните избори. Граѓаните кои сакаат да го остварат своето избирачко право до 18 март, според Роковникот на ДИК можат да направат увид во Изборачкиот список.
Подготовките за претседателските, но и за парламентарните избори се интензивни од страна на учесниците на изборите, но и од страна на Државната изборна комисија (ДИК). На 18 март завршува увидот во Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори, а тогаш завршува и рокот за гласање во дијаспората. Листите на кандидати за претседател на Република Северна Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19 март, до 24:00 часот.
Вкупно 3.994 лица, заклучно со 11 Март направиле проверка во Избирачкиот список во подрачните единици и канцеларии, шест лица барале промена на податоците, девет лица барале запишување на своите податоци во Избирачкиот список, а пет бришење.
Проверката граѓаните ја прават и електронски преку веб страната на ДИК, но исто така можат да поднесат и барања.
Според роковите, листите за кандидати за претседател, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19 март, до 24:00 часот.
Листите на кандидати за претседател на Република Северна Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19 март, до 24:00 часот.
За МИА од ДИК информираат дека дека заклучно со 11 март, вкупно 3.994 лица направиле проверка во Избирачкиот список во подрачните единици и канцеларии, шест лица барале промена на податоците, девет лица барале запишување на своите податоци во Избирачкиот список, а пет бришење.