Свет

Америка ќе продава ракети со долг дострел

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на речиси 1.800 ракети воздух-земја на Полска.

Вклучени се повеќе од 800 крстосувачки ракети JASSM-ER и повеќе од 700 ракети со среден дострел AIM-120C-8 AMRAAM, а целата зделка е во вредност од 3,7 милијарди долари.

Американската државна безбедносна агенција за соработка (DSCA) во вторникот објави три одобренија на Стејт департментот за продажба на оружје на Полска.

Првото одобрение се однесува на продажбата на 821 AGM-158B-2 JASSM-ER проектили со продолжен дострел, заедно со оружените системи за поддршка и интеграција и опрема за тестирање, каде што е ангажиран Локхид Мартин и проценетата вредност е 1,77 милијарди долари. Ова оружје има дострел од 920-1.000 километри, пренесува rmx.news.

Полска претходно ги купи AGM-158A JASSM AGM-158B JASSM-ER проектилите и изрази интерес за поновата верзија AGM-158B-2 со дострел од 1.600-1.900

Второто одобрение се однесува на продажба на 745 ракети воздух-воздух со среден дострел AIM-120C-8 AMRAAM заедно со фрлачи, ракети за обука, контејнери за транспорт и резервни делови, во вкупна вредност од 1,69 милијарди долари.

Покрај тоа, Полска доби одобрение за купување на 232 проектили со краток дострел AIM-9X Tactical Sidewinder Block II и дополнителна опрема, вклучително и термографска камера за снимање надвор од видливиот дострел, а вкупната цена е над 219 милиони „зелембац“, пренесува порталот. км.

На почеток