Македонија

Митева: Победата на Силјановска Давкова ќе биде со огромна разлика

(Видео) Митева: Ковачевски потврди дека приоритет му е изборен поткуп, над 2200 вработувања за месец дена

Верувам дека победата ќе биде со огромна разлика, во Македонија е дојдено време за промени, граѓаните ќе го дадат својот глас, затоа што како и на самата Конвенција кога ја промовиравме кандидатката за претседател Силјановска Давкова, ние конечно сметаме дека во Македонија е дојдено време за лидерство што носи промени, изјави Марија Митева член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол во гостување на „Слободен печат“

Митева истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања која ќе покаже дека во Македонија после овие 5 години претседателство на СДС на чело со Пендаровски, ќе имаме претседател на народот, а не на елитите.

– Црната кампања не носи ништо позитивно, но мора да направиме разлика помеѓу што е црна кампања и што е она кое ние го правиме, а тоа е зборување за реалноста и тоа со што се соочуваме. Пендаровски покажа дека изминативе 5 години имаме претседател само поради фактот дека по Устав Македонија ја има таа функција, протоколарно ја води таа функција. Многу често настапуваше од позиција на аналитичар, наместо од позиција на претседател, секојдневно ги менуваше сопствените ставови, едни ставови во неговата кампања, различни ставови и постапки кога застана на функцијата, потенцираше Митева.

Митева нагласи дека кога се кажуваат овие работи, не станува збор за црна кампања, туку за еден начин на комуникација да ги потсетиме граѓаните што поминаа изминативе 5 години со Пендаровски.

– Но, зборуваме и за понуда, за претседател на народот, што значи промени, која значи лидерство, претседател на народот кој ќе има дигнитет, претседател и на Македонците дома и насекаде низ светот. Ни недостасува еден лидер кој ќе покаже поинаков пристап во политиката. Изминативе 4 години можевме да ја видиме професорката Силјановска Давкова како дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните да го видат нејзиниот пристап внатре во парламентарниот дом, каде преку нејзините говори, начин на работа и тоа што го даваше и анализите кои ги правеше покажа како се однесува во политиката и сум повеќе од сигурна дека нејзиниот пристап е чесен искрен и работа согласно Уставот и законите, изјави Митева.

На почеток