Свет

Лош почеток на кампањта на Урсула фон дер Лајен

Урсула фон дер Лајен: Денешната Унија е доказ за визијата на оние кои сонуваа за подобра иднина

Кампањата на Урсула фон дер Лајен за реизбор на функцијата претседател на Европската комисија (ЕК) започна незгодно со напади од ривалите, пренесува Политико.

Како единствен кандидат на најголемата европска политичка сила, Европската народна партија (ЕПП), Фон дер Лајен го доби првиот напад во кампањата од нејзиниот колега Тиери Бретон, комесар на Европската унија за внатрешен пазар.

„И покрај нејзините квалитети, Урсула фон дер Лајен е малцинство во нејзината партија, се чини дека ЕПП не верува во сопствениот кандидат“, напиша Бретон минатата недела на платформата „Х“.

Иако Бретон, кој се гледа со Фон дер Лајен на неделни состаноци, доби опомена од ЕК и од кабинетот на Макрон, штетата е направена.

Тогаш претседателот на ЕПП и шеф на парламентарната група на таа партија во Европскиот парламент (ЕП), Манфред Вебер, и нареди на групата да ја поддржи повеќепартиската тужба на ЕП против ЕК поради нејзината одлука да одмрзне 10 милијарди евра за Унгарија, која беше замрзната поради недостигот на владеење на правото во земјата.

„Нејзиното пазарење со Орбан за неговата поддршка од 10 милијарди евра за Украина ја направи ранлива на напади од ЕП, каде нејзиното идно мнозинство може да биде многу слабо“, изјави анонимен претставник на ЕУ за Политико.

Иако постои искушение да продолжи да се држи до своите должности и да ги користи придобивките од неговото признавање на меѓународната сцена, Фон дер Лајен, според правилата на ЕК, ќе мора да ги одвои тие активности од неговата кампања. Од неа се бара да присуствува на најмалку седум предизборни настани во различни европски земји, потенцијално вклучувајќи и дебати во живо, на кои допрва треба да каже дали ќе присуствува.

На почеток