„Бектеши му спрема свилен гајтан на Ахмети“ – ВМРО прифаќа оние што ќе изгубат на изборите да се повлечат од политика
Одлично, прифаќаме, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ на предлогот што денеска го даде министерот за економија Крешник Бектеши од ДУИ, кој ги повика сите политички партии да се договорат оние што ќе изгубат на претстојните избори да се повлечат од политиката.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вели дека со овој предлог на Бектеши се подготвува терен лидерот на интегративците да се повлече од политиката.
-Тоа значи дека Крешник му спрема свилен гајтан на Али Ахмети. Можеби Бектеши е кандидат за лидер на ДУИ, имајќи предвид дека ДУИ ќе ги загуби изборите и дека нема да биде во состав на новата влада. Добро е да се знае дека Бектеши има лидерски амбиции. Ако е така, тогаш раководството на ДУИ ќе остане во Кичево, нели и тој е по потекло од Кичево – рече тој.