СДСМ пак зборуваат за Груевски
„Изборот е помеѓу борба за европска иднина со СДСМ и откажување со ДПМНЕ“, вели СДСМ и додава:
На претстојните избори изборот пред граѓаните ќе биде помеѓу борба за европска иднина со СДСМ и откажување со ДПМНЕ.
СДСМ има јасна визија за иднината на државата како европска. СДСМ е опција коjа носи надеж, која обезбедува поголеми плати и пензии, подостоинствен живот и која носи сигурна европска иднина.
Граѓаните одлучуват дали Македонија ќе стане членка на ЕУ и ќе ги зголеми придобивките од членството во НАТО, или ќе заглави до недоглед во нова и тешка неизвесност што ќе донесе изолација, поделби и загрозување на иднината, на напредокот на земјата,
Народот не сака да стои во место, не сака повторно да биде заглавен и понижен.
Повторно заглавување, со наведната глава, никој не сака. Никој не сака да чека нови 11 години во нови чекални.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога Груевски нѐ заглави и не донесе до дното.
Мицковски, само ќе продолжи таму каде што застананеговиот ментор Груевски.