Свет

Шолц е во Израел по втор пат од почетокот на војната, каде се среќава со Нетанјаху

Олаф Шолц позитивен на Ковид

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се сретнува со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како дел од неговата втора посета на Израел од почетокот на војната во Газа пред пет месеци.

Главна тема на разговор се очекува да бидат подготовките на Израел за копнена офанзива на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Шолц има намера да повика на прекин на огнот за да се овозможи ослободување на заложниците и поголема хуманитарна помош за настраданото население на палестинската територија.

Војната во Газа беше поттикната од нападот на исламистичкото движење Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа 1.160 луѓе, а околу 250 беа земени како заложници.

Израел одговори со бомбардирање на Газа, при што загинаа повеќе од 30.000 луѓе и раселени повеќето од нејзините 2,3 милиони жители во тешка хуманитарна ситуација.

Иако Германија во принцип ја поддржува воената операција на Израел против Хамас, таа го критикуваше начинот на кој Тел Авив ја води војната, во која загинаа илјадници цивили.

„Потребен е договор за прекин на огнот кој ќе трае во догледна иднина“, рече Шолц вчера пред неговото заминување. Шолц синоќа пристигна во јорданскиот град Акаба на Црвеното Море, каде денеска ќе се сретне со јорданскиот крал Абдула.

Тој попладне ќе замине со авион за Израел, каде освен со Нетанјаху, има намера да се сретне и со претседателот Исак Херцог и министерот Бени Ганц, член на воениот кабинет, како и со роднините на заложниците.

На почеток