Силен земјотрес ја погоди Јапонија


Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јапонската префектура Фукушима, но официјално предупредување за цунами не е издадено, соопшти денеска Јапонската метеоролошка служба.
Земјотресот е регистриран во 06:17 часот во голем број градови во префектурата Фукушима, вклучително и Футаба и Окума, потврди метеоролошката служба, пренесува Кјодо.
Се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во близина на Фукушима на длабочина од околу 50 километри.
По земјотресот во нуклеарните централи Фукушима Даичи и Фукушима Даини, не се откриени никакви абнормалности, потврди операторот на овие компании од НЕ, Токио Електрик Пауер Компани Холдингс Инк.
