Свет

Паника во Москва поради украинските беспилотни летала: Воведени привремени ограничувања на аеродромите, пренасочени авиони

Петтиот украински дрон беше соборен денеска во московската област, но нема жртви, објави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин на својот канал Телеграм.

На московскиот аеродром Домодедово од безбедносни причини беа воведени привремени ограничувања, соопшти прес-службата на аеродромот, пренесе РИА Новости, наведувајќи дека во периодот кога важеле ограничувањата, авионите биле пренасочени на алтернативни аеродроми.

Руската Агенција за контрола на воздушниот сообраќај претходно објави дека се воведени безбедносни ограничувања на аеродромите Внуково и Жуковски од безбедносни причини, но оттогаш сите ограничувања на аеродромите во Москва се укинати, објави Ројтерс.

На почеток