Македонија

Три дози од „ДеТеПер“ пропусница за во градинка: дел од децата се вратија, дел завршија на вакцинација

Три дози од „ДеТеПер“ вакцината против голема кашлица беа доволни за децата денеска да почнат во градинка. Десетици кои минатата недела останаа дома, сега се назад во занималните, а ќе можат да останат само ако во наредните шест месеци примат и ревакцина. Ова се мерките на Комисијата за заразни болести, откако беше обзнането дека состојбата со големата кашлица е лоша, особено во Скопје каде 50 отсто од децата се невакцинирани.

Рестриктивните мерки на здравствените власти ги наполнија вакциналните пунктови. Интересот за вакцинирање и натаму е голем, но Скопје се уште брои деца кои што треба да ја комплетираат вакцинацијата против пертусис.

Вкупно во земјава се евидентирани 216 случаи на голема кашлица, а 88 проценти или 190 се во главниот град, каде е прогласена епидемија на голема кашлица на 8 февруари.

На почеток