Свет

(Видео) Судар и експлозија: Загинаа 21 лице, 38 се повредени во страшна несреќа во Авганистан

Најмалку 21 лице загина, а 38 се повредени во страотен судар меѓу автобус и цистерна со вода во Авганистан, што резултираше со неверојатна експлозија.

Имено, како што пренесуваат медиумите, до несреќата дошло кога возачот на автобусот наводно изгубил контрола над возилото, пред да се судри со цистерна со гориво што наближувала, при што дошло до експлозија. Се наведува и дека во несреќата учествувал и мотоцикл.

Несреќата се случила на автопатот Кандахар-Херат, во областа Герешк во Хелманд, додека локалните медиуми потврдија дека меѓу повредените 11 се здобиле со тешки, а 27 полесни.

Автобусот патувал од градот Херат кон главниот град Кабул, кога инцидентот се случил во неделата во 4 часот наутро по локално време, соопшти провинциската влада.

„Во неделата наутро 21 лице загина, а 38 лица се повредени во судир на цистерна, мотоцикл и патнички автобус“ – објави портпаролот на гувернерот на Хелманд, Шер Мохамад Вахдат.

Според изворите, по судирот се запалил патничкиот автобус.

На фотографиите во локалните медиуми се гледа како цистерната гори на правливиот пат, додека остатоците од возилото се расфрлани на автопатот. Екипите за чистење беа на лице место и ги отстрануваа остатоците, според официјалните лица.

На почеток