Свет

На Американците им е се потешко да ги убедат своите сојузници дека ќе продолжат со поддршката за Украина

Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин денеска ќе се обиде да ги убеди американските сојузници дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Украина во војната против Русија.

Ова е поради тешкотиите на американскиот претседател Џозеф Бајден да го убеди Конгресот да одвои дополнителни пари за вооружување на Украина.

Сојузниците на САД од околу 50 земји кои обезбедуваат воена поддршка на Украина се, како што изјави високиот официјален претставник на американската одбрана, „многу свесни за ситуацијата со финансирањето и Украинците се уште посвесни за недостигот што е предизвикан по наша вина“.

На почеток