Магазин

Тајниот план за враќање на Кејт Мидлтон во јавниот живот

Заминувањето на Хари и Меган создава бранувања кај Вилијам и Кејт

Палатата Кенсингтон работи деноноќно на планот за враќање на принцезата од Велс во јавниот живот.

Тимот со најблиските соработници на Кејт и принцот Вилијам, нивниот тим за комуникација и поранешните членови на персоналот во палатата се консултирани како дел од строго тајниот проект. Кралските извори велат дека дворјаните побарале помош и совет по бурниот период околу отсуството на принцезата од кралскиот живот, по абдоминалната операција во јануари.

Двајца поранешни помошници, познати по тоа што се „добро етаблирани експерти за односи со јавноста“, беа консултирани од тимот задолжен да го смисли новиот распоред на Кејт по неколку недели засилено испитување. Еден од нив е нејзиниот нов приватен секретар, потполковник Том Вајт, кој му се приклучи на кралскиот тим во јануари.

Тој претходно и служеше на покојната кралица Елизабета Втора, од ноември 2020 година до нејзината смрт во септември 2022 година. Новиот приватен секретар на принцот Вилијам, поранешниот дипломат Иан Патрик, кој претходно работеше за поранешниот лидер на либералдемократите Педи Ешдаун, исто така е дел од сениорскиот тим.

Еден извор рече: „Тимовите работат деноноќно за да го осмислат планот за враќање на работа на принцезата од Велс по неколкунеделен огромен притисок. Сите тие знаат дека светот ќе гледа по неколку недели засилени шпекулации и често чудни коментари на социјалните мрежи“.

Но, минатата ноќ се појави ново видео од принцот и принцезата во посета на продавница на фарма во Виндзор во саботата, каде парот се појави насмеан и разговараше додека се шеташе со торби за пазарење. Додека палатата Кенсингтон синоќа повтори дека принцезата нема да се врати на кралските должности дури по Велигден, се разговараше за таа да се придружи на нејзиното семејство и другите високи членови на кралското семејство во црквата во неделата на Велигден, пишува ,,Мирор”.

На почеток