Хорор во Харков: Три лица загинаа во руски напад

Од
Објавено на

Во руски напад врз осумкатница и фабрика во Харков денеска загинаа три лица, соопшти украинската полиција.
Се додава дека во нападот се повредени пет лица.
„Погодена е обична издавачка куќа, фабрика за мебел и боја“, напиша на Фејсбук началникот на полицијата Серхиј Болвинов, пренесува Ројтерс.
Нападот предизвика пожар на повеќе од 1.000 квадратни метри, додаде Болвинов.
