Свет

Зеленски, оставен си на цедило

Зеленски до ЕУ: Путин ќе ве изеде за вечера со сета ваша слобода и демократија

Висок американски функционер во средата изјави дека Вашингтон не може да предвиди кога ќе биде одобрен виталниот пакет воена помош од 60 милијарди долари за Украина.

Како што потсетува Киев пост, украинската армија се соочува со сериозен недостиг на работна сила и муниција на бојното поле, додека во американскиот Конгрес продолжуваат расправиите кои предизвикаа неизвесност во однос на иднината на западната поддршка за Киев.

Размислувајќи за таа ситуација, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече: „Тоа веќе трае предолго. И јас го знам тоа, знаеш и ти“.

„Нема да предвидувам точно кога ќе биде направено, но работиме да го направиме тоа што е можно поскоро… но денес не можам да дадам конкретни предвидувања“, им рече тој на новинарите на прес-конференција во украинскиот главен град, кој е И денеска од рано наутро е бомбардиран со ракети.

Да потсетиме, од минатата година републиканците во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го блокираат сеопфатниот пакет помош за Украина, префрлајќи го фокусот на дискусијата на имиграциската политика на претседателот Џо Бајден.

Вашингтон досега беше најважниот воен сојузник на Украина, обезбедувајќи им поддршка од десетици милијарди долари од инвазијата на Москва во февруари 2022 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати апел до САД, велејќи дека одложувањето на помошта ги чини животите и територијата на Украинците, додека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека е шокиран што пакетот помош сè уште не е отклучен.

Сепак, Саливан додаде дека и покрај неуспесите, тој е „уверен“ дека ќорсокакот ќе биде надминат. „Ќе ги извадиме тие пари на врата“, рече тој.

На почеток