Блинкен: „САД поднесе нацрт со кој се повикува на итен прекин на огнот во Газа“
САД поднесоа до Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се повикува на „итно прекин на огнот поврзан со ослободување на заложниците“ во Појасот Газа, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Вчера Блинкен во изјава за саудиските медиуми при посетата на оваа земја изрази надеж дека членовите на Советот за безбедност ќе го поддржат тоа и оцени дека тоа ќе испрати „силна порака“, пренесува Тајмс оф Израел.
Во претходните предлози, Вашингтон не прибегна кон формулацијата „прекин на огнот“ кога станува збор за конфликтот во Газа, а од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во октомври минатата година, стави вето на три нацрт-резолуции. од кои две барале итен прекин на огнот.според израелскиот портал.