Свет

Украинците гранатираа руски град, 5 лица се повредени, илјадници домаќинства без струја

Пет лица се повредени утрово во украинското гранатирање на Белгород, соопшти гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.

Тој изјави дека се оштетени повеќе од 30 станови во шест катни згради и 10 автомобили, а околу 5.000 жители останале без струја, пренесува РИА Новости.

Десет украински ракети RM-70 Vampire беа соборени над регионот Белгород, соопшти претходно денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека утринава околу 8 часот по московско време, силите за противвоздушна одбрана спречиле обид на украинските сили да нападнат цели на руска територија.

На почеток