🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Видео) Црната кампања не носи гласови, СДС без „м“ е прекар одраз на нивните постапки, вели Митева

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-03-21-at-23.23.57

Низ годините сите кампањи за време на изборите поминуваа со објава на низа прислушувани разговори, објавување на приватни животни детали, па дури и снимки од секс-скандали. За овие зборови се очекува ова да кулминира во трката по гласови. Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ваква црна кампања не носи гласови, па тие тврди дека нема да водат.

— реклама —

x2d-v6kB7Qk
— реклама —

„Мислам дека црната кампања ќе влијае кон нив негативно. Таа црна кампања не носи раст на желбата на граѓаните да се вклучат во изборниот процес. Ние не одбираме да настапуваме со негативна кампања. Ќе имаме целосна позитивна кампања, ќе ги промовираме нашите афирмативни мерки кои што навистина сметаме дека треба да ги реализираме како идна Влада“, кажа Митева.

Прашана дали да се очекува да се открива и долниот веш на кандидатите, рече: „Тоа од ВМРО-ДПМНЕ не треба да го очекуваат граѓаните“. На прашањето, што со останатите партии во овој дел, додаде: „Се надевам дека ќе ја надминат таа своја политичка некоректност и дека ќе имаме фер и демократски избор, дека ќе им се овозможи на граѓаните да одлучат помеѓу платформи, а не помеѓу ниски кампањи“.

Околу прекарот СДС без „м“, Митева вели дека тоа не е политичка некултура, туку одраз на постапките на партијата.

„Јас сметам дека политичка некултура е кога од една страна зборувате за Европа, а од друга страна ја крадете Македонија. Мислам дека политичка некултура е да направите пустош во образованието, во економијата, да немате одлично здравство како што заслужуваат граѓаните. Мислам дека тоа е најголемата некултура. Ако споменуваме прекари, би било фер да кажеме дека прекарите доаѓаат согласно постапките. Така што, СДС е одраз на тоа што тие го направија на Македонија“, рече Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања