Свет

Доживотен затвор за жена во Пакистан која запали страници од Куранот

Кривична против двајца затворски полицајци од Струмица, му овозможиле на осуденик да излезе од затворот

Судот во Пакистан осуди муслиманка на доживотен затвор откако беше прогласена за виновна за палење страници од Куранот, соопшти денеска обвинителот.

Според пакистанскиот закон, секој што ќе биде прогласен за виновен за навреда на религија или верски личности може да биде осуден на смрт, но изрекувањето на таква казна може да предизвика немири, пренесува АП.

Државниот обвинител Мохазиб Аваис изјави дека обвинетата Асија Биби била уапсена во 2021 година под обвинение за богохулење, откако очевидци сведочеле дека го сквернавила Куранот со палење страници од светата муслиманска книга. Аваис рече дека Биби, која има право на жалба, ги отфрлила обвиненијата за време на судењето.

Христијанка со исто име беше ослободена од обвиненијата за богохулење во Пакистан во 2019 година, по осум години чекање да биде погубена. По ослободувањето, таа се преселила во Канада за да ги избегне смртните закани што ги добивала од исламските екстремисти.

Претходно овој месец, судот во Гујранвала, провинцијата Пенџаб, осуди 22-годишен студент на смрт и еден тинејџер на доживотно во два одвоени случаи, откако беа прогласени за виновни за навреда на исламскиот пророк Мухамед.

Пакистанските и меѓународните групи за човекови права тврдат дека обвиненијата за богохулење често се користат за заплашување на верските малцинства.

На почеток