Свет

Израелците ликвидирале 150 луѓе, над 500 биле уапсени

Израелската војска соопшти дека околу 150 вооружени мажи биле убиени, а повеќе од 500 осомничени биле уапсени за време на рацијата во болницата Шифа во градот Газа, која сега е четврти ден, за која тврди дека била насочена против милитантите на Хамас.

Израелските сили уапсија стотици борци на Хамас и Исламски џихад, вклучително и голем број безбедносни службеници и воени команданти, за време на нивниот продолжен напад врз Шифа, главната болница во Газа, изјави израелскиот воен портпарол Даниел Хагари.

Се вели дека војниците убиле стотици борци и привеле повеќе од 500 осомничени, вклучително и 358 членови на Хамас и организацијата Исламски џихад, што е најголем број од почетокот на војната пред речиси шест месеци, пренесува Ројтерс.

Хамас ги демантираше тврдењата на израелската армија дека уапсила членови на тоа движење во болницата Шифа, пренесува Ал Џезира.

Во соопштението на Хамас беше посочено дека огромно мнозинство луѓе на списокот на уапсените се професори, лекари и лидери на граѓанското општество кои се наоѓаат во болница, а останатите се обични цивили кои се засолниле во болничкиот комплекс од бомбардирањето.

Израелската војска рано во понеделникот влезе во болницата Шифа во градот Газа и го обвини Хамас дека ја користи за да ги скрие борците и да планира напади.

На почеток