Свет

Си Џинпинг му упати сочувство на Путин: Кина се спротивставува на сите форми на тероризам, силно го осудува нападот

Џјинпинг: Поставена е цврста основа во односите меѓу Кина и Русија

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска испрати телеграма со сочувство до рускиот претседател Владимир Путин во врска со терористичкиот напад во близина на Москва во кој загинаа повеќе од 60 лица, јавува агенцијата Синхуа.

„Кина се спротивставува на сите форми на тероризам, силно го осудува терористичкиот напад и ги поддржува напорите на руските власти да ја заштитат националната безбедност“, рече кинескиот претседател во телеграмата со сочувство, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на кинеската централна телевизија.

Синоќа повеќе од 60 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени во терористички напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва.

На почеток