По напад на украински беспилотни летала избувна пожар во руска нафтена рафинерија
Од
Објавено на
Украински беспилотни летала синоќа нападнаа две нафтени рафинерии во руската област Самара, што предизвика пожар во рафинеријата Куибишев, а нема жртви, изјави шефот на регионот Дмитриј Азаров.
Азаров истакна дека пожарот што избувна во единицата за примарна преработка на нафта во рафинеријата Кујбишев е изгаснат, соопшти прес-службата на регионалната влада, пренесе ТАСС.
Азаров рече дека нападот со беспилотно летало врз рафинеријата за нафта во Новокујбишевск бил одбиен и не била предизвикана штета.