Свет

Над 60 загинати во нападот во Москва: Расте бројот на жртвите на ужасниот масакр

Рускиот истражен комитет соопшти дека повеќе од 60 лица се убиени во нападот на концертната сала Крокус Сити во близина на Москва, пренесува руската државна новинска агенција РИА.

Најмалку 60 луѓе загинаа кога вооружени напаѓачи упаднаа во преполната концертна сала, а одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) синоќа соопшти дека имало пукање и пожар пред концерт во Красногорск кај Москва.

Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека се хоспитализирани 115 лица, од кои пет деца, пренесува РИА Новости. Според него, во тешка состојба се 60 возрасни и едно дете.

Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка за терористичкиот напад.

Дописникот на РИА Новости, кој бил присутен кога се случило пукањето, известил дека најмалку тројца мажи во маскирни костуми упаднале во салата, пукале во луѓе од непосредна близина и фрлале запаливи бомби.

Инспекторите објавија слики од автоматско оружје „Калашников“, елек со повеќе резервни рамки и вреќа со потрошени чаури.

Соопштено е и дека напаѓачите се во бегство, дека наводно биле во бел автомобил рено, а во престрелката се ранети 146 лица, од кои 60 се во тешка состојба.

На почеток