Свет

Хаосот во Украина не прекинува: брутални напади и илјадници мртви

Тешка ноќ во Украина: Русија нападна со 11 дронови и пет проектили, оштетена болница

Војна во Украина – 758 ден. Руските сили извршија масовен напад со проектили и беспилотни летала низ Украина, потврдија двете страни.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека биле истрелани 90 проектили и лансирани 60 беспилотни летала, додека националната полиција соопшти дека најмалку пет лица загинале, а 26 се повредени.

Напад во регионот на Белгород, едно лице загина
Едно лице загина во напад на украинско беспилотно летало врз квартот Черњан во областа Белгород, соопшти гувернерот Вјачеслав Глатков.

Тој изјави дека беспилотните летала ги нападнале областите Стари Осколски и Черњански, а двајца цивили биле повредени.

Со дрон беше нападнат и електрометалуршкиот комбинат Оскол. Во зградата нема повредени или оштетувања.

„Шахеди“ оштети енергетски објекти во Дњепропетровската област и Запорожје
Во рускиот ноќен напад беа оштетени енергетски објекти во областа Дњепропетровск и Запорожје.

„Воздушната одбрана даваше отпор повеќе од седум часа. Беспилотните летала „Шахед“ беа насочени од југ, маневрираа во неколку области, обидувајќи се да ја заобиколат опремата за противвоздушна одбрана“, соопштија Јужните одбранбени сили на Украина.

На почеток