Свет

Американската армија нападна

Хути: Лансиравме серија балистички ракети кон различни цели во Израел

Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американската војска извршила самоодбранбени напади врз три подземни магацини на јеменските бунтовници Хути во областите на Јемен кои се под контрола на групата.

ЦЕНТКОМ во соопштението вели дека Хутите истрелале четири противбродски балистички ракети кон Црвеното Море од областите во Јемен што тие ги контролираат, објави Ројтерс.

Хутите напаѓаат трговски и воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од средината на ноември како одговор на, како што велат, израелската инвазија на Појасот Газа.

На почеток