Министерство за здравство на Московскиот регион: 140 лица се повредени во нападот
Од
Објавено на
Во терористичкиот напад на концертната сала „Крокус сити хол“ повредени се 140 лица, а во моментов вкупниот број на хоспитализирани лица е 105, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство на Московскиот регион.
Според официјалните податоци, 32 лица се на амбулантна нега, а три се отпуштени.
Во вчерашниот терористички напад во концертна сала во трговски центар во Москва загинаа 133 лица, а повеќе од 100 се ранети, соопшти Рускиот истражен комитет.