Свет

(Фото) Вооружани полицајци на улиците во Србија: Припадниците на САЈ и БИА обезбедуваат трговски центри

На улиците на Србија денеска може да се забележат голем број припадници на безбедносните служби, а на најфреквентните места е забележано и присуство на припадници на Безбедносно-информативната агенција.

Припадниците на безбедносните служби се лоцирани во трговските центри и нивната околина, а освен видливо присуство, БИА ги презеде сите неопходни безбедносни мерки.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа, по терористичкиот напад во Москва, дека „ни птица нема да може да лета“ на натпреварот Црвена звезда – Зенит, додавајќи дека граѓаните можат да бидат спокојни.

Ќе бидеме безмилосни кон секој кој ќе се обиде да ја загрози безбедноста на кој било сограѓанин“, рече Вучиќ.

Во вчерашниот терористички напад на трговскиот центар „Крокус Сити“ во Москва загинаа 133 лица, а повеќе од 140 се повредени.

Фото: TAJNUG

На почеток