Левица ги објави носителите на листи за пратеници
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/10/levica-8123.jpeg)
„Левица ги има вистинските носители на пратеничките листи во шестте изборни единици, кои се воедно и единствените, од севкупниот избор, кои немаат нанесено штета врз државата“, велат од оваа партија и додаваат:
✔️ Носител во ИЕ 1: Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица, пратеник во Собранието на Република Македонија, доктор на правни науки, професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
✔️ Носител во ИЕ 2: Амар Мециновиќ, портпарол на Левица, член на Президиумот на Партијата и член на Советот на Град Скопје, активист за социјална правда и зачувување на животната средина.
✔️ Носител во ИЕ 3: Борислав Крмов, пратеник во Собранието на Република Македонија, член на Президиум на Левица и долгогодишен борец за социјална правда.
✔️ Носител во ИЕ 4: Сашко Јанчев, магистер по кривично право, член на ЦК и советник на Левица во Општина Гевгелија. Повеќегодишен борец за заштита на животната средина со фокус на југот на државата и борбата за Кожув да е национален парк.
✔️ Носител во ИЕ 5: Јована Мојсоска, дипломиран криминолог по финансиски криминал, генерален секретар на Левица и долгогодишен борец за социјална правда и заштита на животната средина и животните.
✔️ Носител во ИЕ 6 – Игор Димески, раководител на Сектор за енергетика и советник на Левица во Општина Центар.
Еднаш засекогаш ќе се спротивставиме на политичките елити кои управуваат со нашите животи и ќе ја вратиме политичката моќ во рацете на работничката класа!
Нашите носители и идни пратеници во Собранието на Република Македонија ќе бидат гласот на народот во Собранието, како што докажаа и нашите досегашни пратеници.
Од нас сите зависи силата со која ќе се спротивставиме и судбината која сами ќе ја создадеме. Никогаш повеќе да не владеат над нас криминалот, корупцијата и профитот!
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)