Македонија

Почина Мирко Попов, еден од пионерите на електронската музика во Македонија

Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов.
Познатиот автор и продуцент почина на 51 година.
Попов пред неколку дена беше хоспитализиран на една од скопските клиники, откако доживеал мозочен удар и обилно крварење.

И покрај борбата на лекарите за неговиот живот, тој за жал не преживеал.

На почеток