Стојанче Ангелов влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ


Лидерот на политичката партија Достоинство и актуелен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, денеска соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
„Иницијативите на Достоинство поднесени до Владата и Собранието, со кои нудевме решение на овој апсурден проблем, добиваа постојана поддршка од страна на премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ истите не поминаа. Секако дека проблемот со необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители не е единствената причина поради која излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ, но поради политичка коректност во овој момент немам намера да навлегувам во понатамошни објаснувања“, пишува, Стојанче Ангелов во објавата на Фејсбук.
