Македонија

Промовирани адутите на ЗНАМ; Максим Димитриевски спремен да ги замени партиите кои владееа

Движењето ЗНАМ ги промовираше своите адути како носители на изборни листи за парламентарните избори на 8 мај.
Прв во Изборната единица 1 ќе биде Бобан Карапејовски, професор на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Носител на листата во ИЕ 2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило.

Носител во тројката е биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија.

Носител на листата во ИЕ 4 ќе биде економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија, а петтата изборна единица ќе ја предводи поранешната претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеник и потпретседател на СДСМ, Весна Бендевска.

Во Изборната единица 6 носител ќе биде Небојша Захариевски, магистер по правни науки.

Максим Димитриевски ги обвини СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во државата и рече дека е време да заминат.

Тој нагласи дека сме Македонци и време е да бидеме свои на своето.

,, Оние што 30 години се менуваат, време е да си заминат”, рече Димитриевски.

На почеток