Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нови 55 илјади работни места и до 5% годишен раст на економијата

ВМРО-ДМПНЕ: СДС да го повикаат Шолц, претседател на нивна сестринска партија, како што го убедил Орбан да излезе од состанок на кратко истото да го направи и со Бугарија и Македонија да почне преговори

,,ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на намалување на невработеноста до 7.5% и до 5% годишен раст на економијата.

ВМРО-ДПМНЕ проектира дека како идна влада ќе креира 55.000 нови работни места, со што невработеноста ќе се сведе на едноцифрена, т.е. на 7.5%. Тоа ќе се постигне со раст на економијата од 5% годишно.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот.

Економија ќе расте, продуктивноста ќе се зголемува, платите на граѓаните и благосостојбата ќе достигнат нови височини.

Во период од 4 години ќе се заложиме за намалување на буџетскиот дефицит и негово потиснување под 3% на годишно ниво.

Време е да ја вратиме државата на народот.” , изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток