Свет

Италија ќе го подигне нивото на безбедност

Италијанската полиција ќе го подигне нивото на безбедност пред претстојниот Велигден, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

Одлуката за зголемување на будноста ја донесе Италија поради терористичкиот напад во Москва во петокот, пренесува Ројтерс.

„Во пресрет на Велигденските празници ќе биде засилена полициската активност“, се наведува во соопштението и се додава дека посебно внимание ќе се посвети на „сите чувствителни точки“.

На почеток